Despotoska Interiors

Нашите услуги

Консултација

Нашата услуга за консултација ви овозможува професионален совет и насоки за уредување на вашиот простор, прилагодени според вашите потреби и визија. Со краток состанок добивате јасна слика и идеи за следните чекори во уредувањето.

Проект за внатрешно уредување

Со оваа услуга добивате целосно решение за вашиот ентериер. Покрај фотореалистични 3D рендери за визуелна претстава, изработуваме и 2D технички цртежи – основи, пресеци и распореди со точни димензии.

Изработка на мебел по мерка

Изработуваме мебел по мерка кој совршено се вклопува во вашиот простор и стил. Со уникатен дизајн и висок квалитет, добивате практични и естетски решенија создадени само за вас.

КАКО РАБОТИМЕ

7 Чекори до
комплетен дизајн

Во зависност од распоредот на вашиот дом зависи и дизајнот кој ќе ви го понудиме
01

Контакт и
консултација

Презентација на сите фази од проектот од концепт до завршна реализација со јасен преглед на цените и услугите, за целосна сигурност и доверба во процесот
02

Мерење на
просторот

Посета на локацијата и теренско мерење ,нашиот тим доаѓа во вашиот простор, собира прецизни мерки од ентериерот, ја евидентира позицијата на сите инсталации и го пополнува персонализираниот прашалник за вашите желби и потреби. Овој чекор ни помага да го запознаеме просторот и да го дефинираме вашиот стил пред да започнеме со дизајнот..
03

Идејно решение со
3Д визуелизација

Изработка на предлог-решение во согласност со вашите барања – 3D визуализации, детален просторен план на мебелот и декорациите, како и 3D видео прошетка низ просторот за целосно да го доживеете концептот пред реализација
04

Консултации и
финализирање на проектот

Во оваа фаза стапувате во директна комуникација со нашиот тим – ги разгледувате сите детали од проектот, поставувате прашања и давате повратни информации, за да осигуриме дека секој елемент од дизајнот совршено ги исполнува вашите очекувања
05

Технички цртежи
и спецификација

Детални технички цртежи и спецификации за мебел по мерка вклучувајќи материјали, димензии и завршни детали, шопинг листа, како и корекции за електрика, гипс и водовод, за целосна подготовка пред реализацијата
06

Понуда за изработка
на мебел по мерка

Врз основа на сите собрани информации, добивате детална понуда за изработка на мебелот, која го олеснува процесот на реализација и гарантира совршен краен резултат.
07

Производство
и реализација

Производство и монтажа на мебел по мерка од страна на Pro Design Despotoski, изработен според претходно договорените детали од проектот.
Достигнувања

Бројки на кои сме горди

Во текот на нашето 10-годишно искуство, имаме реализирано над 1000 проекти, од кои над 50 клиенти од странство, со над 16.200 испиени кафиња. Насмевките на нашите клиенти нè инспирираат да ја работиме нашата работа посветено и со страст. Работиме на секој детал што ќе ни го доверите за да ви го прикажеме точниот одраз на вашите замисли.

950 +
ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ
0 +
ГОДИНИ ИСКУСТВО
0 +
Странски клиенти
100 +
ИСПИЕНИ КАФИЊА
Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare

Creative solutions from professional designers

+389 71 991 200

42.05421, 21.03413

Lesok, Tetovo, Macedonia

© Despotoska Interiors 2026, All Rights Reserved.